Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пукање во Мојанци, еден ранет

На 01.01.2022 полициски службеници од СВР Скопје привеле четири лица, постапувајќи по пријава добиена во 21.30 часот од ГОБ „Наум Охридски“, каде бил донесен Ш.Н.(65) од с.Мојанци со повреди од огнено оружје. Според пријавеното, додека го управувал своето патничко возило „голф“ во с.Мојанци, во Ш.Н. било испукано од едно лице од с.Арачиново, кое било со патничко возило „мерцедес Ц“, без регистарска ознака.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје, а возилата се обезбедени. За настанот е известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК