Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен скопјанец, кој со возило удрил полицаец, подоцна кај него била пронајдена дрога

Вчера, околу 23 часот, во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М. Д. (28) и Д. М., двајцата од Скопје.

При контрола на патничко возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, во с. Бразда, Скопско, кое го управувал М. Д., а Д. М. бил сопатник, М. Д. го стартувал возилото и удрил полициски службеник, кој извршувал службени дејства.

Набргу потоа возилото било сопрено на улицата Јадранска магистрала и при преглед кај двете лица била пронајдена прашеста материја.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски објави ужасна фотографија: Клиничка болница – Штип, денес! Слика што зборува сама за себе и за состојбата во здравството

ДЕСК

ТРАГИЧНА ВЕСТ ОД ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО – 27-годишно момче пронајдено починато, познат идентитетот

ДЕСК

УЖАС: ПЕТ ЛИЦА НАПАДНАЛЕ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ГТЦ – Еден од напаѓачите имал остар предмет

ДЕСК