Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Рама: Ако Бугарија продолжи да блокира, ќе бараме одвојување од Македонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска реагира поради бавната европска интеграција на таа земја.

Тој, како што пишуваат регионалните медиуми, рекол дека доколку Бугарија продолжи да става вето за Северна Македонија во следните шест месеци, ќе побара одвојување од оваа земја во смисла на продолжување на патот за отворање преговори за интеграција на земјата во ЕУ.
Рама рекол дека Албанија е во апсурдна ситуација поради блокадата на Северна Македонија од Бугарија.

„Ги прашавме граѓаните за мислење дали ќе поддржат нов пристап кон нашата надворешна политика, што значи дека ако на крајот на француското владеење, односно првите шест месеци од следната година, Бугарија реши да стави вето, ќе почнеме да бараме одвојување од Северна Македонија. Тоа е тешка одлука од стратешка природа“, изјавил Рама.

Можеби ќе ве интересира

НОВ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ: ШТЕДЕЛЕ ПАРИ, А НА НИВНО ИМЕ СЕ ПРАВЕЛЕ КРЕДИТИ? – Раководителка на штедилница под истрага

ДЕСК

ДВЕ ИЛЈАДИ АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ – СДСМ најавува блокада на спорното решение

ДЕСК

СДСМ: Новата власт во Србија бара истрага за Вучиќ, паѓа „Оскар“ – паѓа и Мицкоски

ДЕСК