20. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Арсовска крати средства за еколошки мерки и проекти, буџетот за 2022 е неразвоен

Според партијата на власт, чиста лага се ветувањата на Данела Арсовска дека ќе вложува во животната средина и ќе се бори против аерозагадувањето.

Од СДСМ велат дека буџетот за 2022 на Град Скопје покажува дека Арсовска наместо да ги зголеми, дополнително ги намалува средствата за еколошки проекти и мерки.

„За 10 отсто се намалени средствата за подигнување ново зеленило, паркови и дрвореди за следната година, а исто така ќе бидат набавени 33 отсто помалку садници во споредба со 2021 година. Во буџетот за 2022 година не се предвидени ниту средства за изведба и проектирање на новите паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир, што Арсовска ги ветуваше пред изборите. Со ваквото кратење на буџетски пари и неисполнување на дадени ветувања, Арсовска не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина“, реагираат од СДСМ.

Жителите на Скопје, додаваат од таму, не заслужуваат ваков третман. Сметаат дека наместо да работи за интересите на градот, Арсовска стопира проекти, врши груба партизација.

Тоа е крајно нечесно, лицемерно и неодговорно однесување кон Градот и кон скопјани, додаваат од СДСМ.