22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ ШИРЕЛЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ ДЕКА ПОСКАПУВАЊЕТО ЌЕ БИДЕ 40% – Цената на струјата поскапува за 9,48%

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска на прес конференција ја соопшти новата цена на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година.

Претседателот на РЕК, Марко Бислимовски посочи дека цената на струјата се накачува за 9,48%, додека пак се укинува дневната евтина тарифа која важеше од 14 до 16 часот.

Со ова се потврди ширењето на лажни вести од страна на опозицијата која во предизборието со цел да победи на локалните избори ја излажало јавноста дека струјата ќе поскапи за 40 проценти. Интересно е што и некои медиуми од унгарската врска излегле со слични тврдења.

– Од 30 до 40 отсто зголемување на цената на струјата брифираше на 17 декември претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој смета дека далеку од вистината е она што беше пласирано од властите дека цената на електричната енергија нема да се зголеми повеќе од 10 отсто, пишуваа тогаш медиумите на ВМРО ДПМНЕ.

Со ова се нанесе ненадоместлива штета на македонската економија и опозицијата ги вознемири граѓаните на Македонија во пресрет на празниците. Лажните вести на Христијан Мицкоски беа дел од севкупната хистерија на коморите блиски до опозицијата, со што не е исклучено да влијаело и врз поскапувањата кои за празниците ги погодија македонските граѓани на основните прехранбени продукти.