Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Костадинов: Избрани сме за да решаваме проблеми

Во сите суштински процеси на државата ВМРО-ДПМНЕ е ретроградниот елемент, истакна потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во гостувањето на ТВ24. Тој кажа дека од темата за Преспанскиот договор опозицијата црпела реторика за локалните избори и праша со каков печат сега земаат плата градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. 

-Проблемот со името се користеше како гол популизам. Тие имаа многу време и можеа да го забрзаат тој процес. Треба да решаваме проблеми, затоа се бориме да сме на овие функции, рече Костадинов.

Прашан дали се согласува со одлуката да се пушти од притвор Сашо Мијалков, Костадинов одговори дека граѓанството е желно за правда и заедништво, но не може да дискутира на оваа тема кога не ги знае сите детали.

-Но како граѓанин ќе поставам прашање од каде му се средствата за таква гаранција. Политичарот не смее да биде во повластена ситуација. Кај нас поради неодговорноста на политичарите се зголемува и јазот меѓу богатите и сиромашните, заклучи Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК