Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски го доби мандатот и најави формирање нова Влада за подобар живот на граѓаните

Обраќање на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски:

Почитувани медиуми, почитувани граѓани,

За мене претставува голема чест и одговорност доделениот мандат од претседателот Стево Пендаровски да ја формирам новата Влада.

Од денес започнувам со формирање на новиот тим луѓе кои треба да одговорат на сериозните предизвици кои не чекаат веќе од почетокот на следната година. Живееме во турбулентни времиња, времиња на кризи и неизвесности.

Соочени сме со долгогодишни проблеми кои го попречуваат напредокот на државата и остварување на стратешките цели. Ваквите времиња бараат стабилни, одговорни и храбри луѓе кои ќе понесат одговорност да се соочат и да ги надминат сите препреки со цел заштита и грижа за граѓаните.

Новата Влада ќе има јасна цел – обебедување сигурност, подобар живот и светла иднина за нашите граѓани. За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење што ќе биде одлика на тимот кој јас како мандатар ќе го составам.

Моја лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите. Мора сите заедно да се стремиме кон градење независни институции и правично општество ако сакаме да ни веруваат ониe на кои им служиме.

Новата Влада јасно ќе ги дефинира приоритетите за работа.

Секоја минута од нашето време во Владата мора да ја посветиме на клучните проблеми со кои се соочуваат нашите граѓани. На оние проблеми за кои секојдневно зборуваат и кои ги мачат, а тоа е економската несигурност и животниот стандард. Најавувам силен фокус на економскиот развој на земјата и финансиска поддршка за семејствата.

Новата Влада е одговорна да донесе нов квалитет во јавната комуникација и соработка со сите чинители во општеството. Нашата земја е мала и не смееме да дозволиме политички поделби и бескрајни расправии. Тие прават голема штета на развојот и реализацијата на проекти и реформи кои се потребни за подобар живот за сите.

Мора да ги надминеме разликите, да се обединиме околу приоритетите и брзо да напредуваме. Граѓаните бараат да видат разлика, да видат напредок, а со тоа и да ја вратат довербата дека можеме и умееме како општество.

Ви благодарам.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК