17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денеска дожд, а од утре пролет среде зима – Температури и до 18 степени

Денеска ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Од утре следуваат денови на стабилно време со натпросечни дневни температури, а особено топло ќе биде за време на викендот. Утре ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 31.12.2021
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 01.01.2022
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 18°C
Претежно сончево, на североистокот со умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието на места засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 02.01.2022
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 7°C до 16°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.