Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Богоев: Со вклучувањето на експертите и јавноста во партијата ќе го искоренуваме клиентелизмот

Програмскиот дел ќе биде надлежност на Советот за креирање и имплементирање на политики кој ќе го предводи Игор Ивановски и заедно со работата на комисиите партијата ќе ја создава програмата, истакна попретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во гостувањето на ТВ21. Тој кажа дека ореку Советот и комисиите партијата ќе се отвори за експертската јавност.

-Извршниот одбор и Централниот одбор се политички органи кои по статут се составени само од партиски членови. Има есперти кои сакаат да придонесат во креирање на партиски политики кои потоа ќе се преточат во државни политики, но не сакаат да бидат членови. Затоа постојат Комисиите, каде никој не е приморан да биде партиски член. рече Богоев.

Тој истакна дека преку приклучувањето на експертите и јавноста ќе се искоренува клиентелизмот во партијата. 

-Треба да има се даде можност на луѓето кои не очекуваат ништо за возврат од партијата. Ковачевски и ние што застанавме зад него најавивме борба против клиентелизмот. Партиите се полнат со луѓе кои очекуваат од партијата нешто за возврат, на пример вработување, нагласи Богоев.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК