Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

До среда врнежи од дожд и потопло време

Времето денес ќе биде претежно облачно, во западните делови со локaлeн дожд, а доцна попладне дожд ќе има и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно со слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 7 степени.

В понеделник ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има до среда. Температурите во следните денови ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика понатамошно топење на снежната покривка на планините.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК