8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дали ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести? – Продажбата на акциите од АД Славија е запрена поради барањето за времена мерка доставено до Судот

Ја известуваме јавноста дека наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ дека наводно Агенцијата за управување со одземен имот се откажала од продажбата на акциите на АД Славија, се целосно неточни и манипулативни, соопштија од владината прес служба.

Продажбата на АД Славија е привремено запрена поради барање за времена мерка доставено до Судот, кој по службена должност постапил по барањето од страна на Кирил Кочевски, поранешен сопственик на акциите на АД Славија.

Вакво барање е доставено и до Централен депозитар за хартии од вредност и до Комисија за хартии од вредност. Против лицето Кирил Кочевски е донесена првичната пресудата за одземање на акциите на АД Славија поради сторено кривично дело. Законско право е на поранешниот сопственик да побара времена мерка од судот.
Управниот одбор на Агенцијата врз основа на доставениот предлог за поведување на постапка за времена мерка добиен од Судот и согласно досегашната пракса одлучи времено да ја запре постапката за продажба. Тоа значи дека продажбата не може да се реализира додека трае времената мерка, но не значи дека Агенцијата се откажала од продажбата на акции, велат од Владата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.