22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев, Ковачевски и Димковски денеска учествуваат на самитот на „Отворен Балкан“ во Тирана

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска учествува на самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана.

На состанокот во Тирана, премиерот Заев заедно со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама ќе потпишат повеќе мултилатерални и билатерални договори во насока на реализација на основните права за слободно движење на луѓето, производите и капиталот, како дел од зацртаните придобивки за поголема регионална соработка и унапредување на поврзувањето меѓу земјите од Западен Балкан.

Во Тирана денеска ќе бидат потпишани Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, Договорот за интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан, Договорот меѓу владите на Република Албанија, Република Србија и Република Северна Македонија за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.

На самитот во Тирана во надлежност на министерствата за економија и за финансии, ќе бидат потпишани и билатералните договори за признавање на одобренијата за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија и меѓу Република Албанија и Република Србија.

Во рамките на агендата на самитот е предвидено и учество на премиерот Заев и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски на Форумот за земјоделство и регионална соработка.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК