Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Хоџа: Им го расипавме филмот на СДСМ и ДУИ

Во вечерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, со кого разговаравме на актуелни теми.

„Мене ми е добро што им го расипавме филмот на коалиционите партнери. Сега се враќам во ретроспектива што всушност се случи. Една поговорна вели „што има во домот, кажуваат децата“. Во вашите дебатни емисии, тука кај Вас, Мендух Тачи истакна дека коалиционите партнери ја гледаат Беса во иднината. Се сеќавате кога тој кажуваше дека Беса ќе излезе од Влада, нема да победи во Тетово и дека Алтернатива ќе не замени? Ова се зборови на Мендух Тачи“, посочи Хоџа.

Тој додава дека многу му е драго што им го расипале филмот на Мендух Тачи, Али Ахмети и Зоран Заев.

„Ова бидејќи филмот не беше нешто ново, надвор од сценариото што им се случи на Алијанса за Албанците во 2017-та“, посочи Хоџа.

На прашање на модераторот за тоа дали ги избркал од Влада Артан Груби, Хоџа вели дека тој нема сила за тоа.

„Артан Груби нема сила да не избрка од Влада. Движењето Беса им ги расипа сите математики и на Артан Груби, и на ДУИ, и на СДСМ“, рече Хоџа.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – нашата борба можеби е тешка, но е праведна

ДЕСК

Драстични промени со времето, прво дождови, па значително зголемување на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК