3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери – Шентоп: Економските односи со Турција се развиваат по нагорна линија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Турција, кој престојува во официјална посета на земјата со група пратеници.

На средбата присуствувале и Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка на Парламентот на Република Турција, Никола Мицевски, Игор Јанушев, Енес Ибрахим, Мерита Колчи-Коџаџику, Зеќир Рамчиловиќ и Хусни Исмаили, членови на Групата и Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието.

Двајцата претседатели на парламентите изразиле задоволство од повторната средба која се совпаѓа со одбележувањето на 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик и која преставува потврда дека билатералните односи меѓу Северна Македонија и Турција се одвиваат во духот на меѓусебно разбирање, блиско пријателство, партнерство и активна соработка во бројни полиња од заемен интерес.

Џафери и Шентоп оцениле дека одржувањето на интензивна комуникација на високо ниво, силно придонесува за унапредување на севкупните билатерални односи, а добрите и пријателски односи меѓу двете земји се пресликани и во плодната парламентарната соработка.

Претседателот Џафери се осврнал на успешната соработка меѓу Северна Македонија и Турција во НАТО, сега веќе како две рамноправни членки.

Тој изразил задоволство што договорната состојба меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, со 100 билатерални договори и документи ги опфаќа сите полиња на заеднички интерес.

Џафери го нагласил интересот за натамошно унапредување на економската соработка и поттикнување на турски инвестиции во земјава и оцени дека соработката меѓу Северна Македонија и Турција во полето на одбраната, внатрешните работи, културата, здравството, туризмот, трудот и социјалната политика е мошне успешна и ја карактеризира позитивен тренд и континуитет.

Во однос на пандемијата со Ковид-19, Џафери изразил задоволство што Турција ја потенцира потребата за меѓународната соработка и глобална солидарност, истовремо изразувајќи благодарност за турските донации кои беа од голема полза за земјава во справување со пандемијата.

Претседателот турското собрание, Мустафа Шентоп, истакнал дека Турција ја поддржува Северна Македонија на сите полиња и изразил задоволство што економските односи меѓу двете земји се развиваат по нагорна линија, со зголемување на трговската размена од 46%.

Тој нагласил дека Турција останува силен поддржувач на интегрирањето на Северна Македонија во Европската унија и оценил дека билатералните прашања не треба да преставуваат пречка за членството во мултилатералните организации.

Истовремо, Шентоп изразил надеж дека несоглувањата со Бугарија ќе бидат надминати во најскоро време и Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ.

Претседателот Шентоп истакнал дека турската заедница во Северна Македонија е од големо значење за Турција, која обрнува особено внимание на доброто образование на турски јазик во земјава.

Претседателите Џафери и Шентоп размениле информации за актуелните состојби во двете земји и изразиле уверување дека долгогодишното партнерство и позитивниот тренд во развојот на билатералните односи и соработката во повеќе сфери од заемен интерес и натаму ќе се унапредува.

Истовремено, тие се заложиле за натамошно продлабочување на одличните односи и соработка меѓу македонскиот и турскиот парламент.

Можеби ќе ве интересира

Џафери-Дир: Потребни се заеднички напори за хуманитарен одговор во Украина

M T

Средба Џафери-Рот: Уставните измени нема да бидат на штета на ниту еден Македонец во земјата

M T

Собранискиот претседател Талат Џафери ќе учествува на 9. Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ

M T

Џафери во Тирана на конференција на претседателите на парламенти

M T

Џафери во официјална посета на Косово

M T

Џафери изрази надеж за надминување на состојбата со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ

M T