Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во Батинци приведен осомничен убиец, се обидел да избега од полицијата скокајќи од втор кат

Во скопското село Батинци денеска е приведен криминалец баран за кривично дело „убиство“, пришто пронајдени се и пиштол и куршуми.

Од МВР информираа дека осомничениот убиец заедно со уште едно лице се обиделе да им побегнат на полициските службеници скокајќи од вториот кат на куќа во која биле затекнати.

„Денеска (18.12.2021) во 14:30 часот полициски службеници од Оперативен им Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје во скопското село Батинци ги приведоа М.Џ. (21) и Р.Р. (24) од Батинци. М.Џ. бил баран со потерница во врска со убиство. Кога ги забележале полициските службеници, М.Џ. и Р.Р. се обиделе да избегаат скокајќи од втор кат на куќа, каде биле лоцирани, но веднаш биле лишени од слобода“, информираа од МВР.

При преглед кај М.Џ. е пронајден пиштол со рамка и девет куршуми, како и поголема количина пари, а кај Р.Р. пронајдени се 27 куршуми. Лицата се приведени во полициска станица.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК