9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Анализа: Зошто му се брза на Мицкоски за избори на стартот на 2022?

Дали зад брзањето на Христијан Мицкоски да има избори е интересниот настан што се случува во Унгарија, каде унгарската опозиција води на анкетите пред изборите, а нивниот лидер сака да го екстрадира Груевски во Македонија.

Опозициската алијанса од шест политички партии во Унгарија има предност на предизборните анкети од 4 проценти пред владејачката партија „Фидеш“ на Виктор Орбан, пишуваше своевремено британскиот весник Гардијан. Поддршката на здружената опозиција според неодамнешните мерења изнесуваше 39 отсто, партијата на Орбан има популарност од 35 отсто, додека 23 отсто од граѓаните не одлучиле за кого ќе гласаат.

Сите опозициски партии во Унгарија се обединети во широка коалиција, кои заедно застанаа зад кандидатот Петер Марки-Зај, конзервативен градоначалник на мал град од југот на Унгарија и татко на седум деца. Во анти-Орбан коалицијата влегуваат партиите на социјалистите, социјалдемократите, зелените, либералите и поранешните ултра-десничари. Тие ќе го поддржат Марки-Зај за иден унгарски премиер, којшто ќе му се спротивстави на Орбан на изборите што ќе се одржат во април 2022 година.

Марки-Зај себеси се опишува за конзервативен политичар и католик по вероисповед, којшто успеал како независен кандидат да стане градоначалник на Ходмезевашархељ на изборите што се одржаа во 2018 година, и со тоа да ја преземе власта во некогашното упориште на Орбан. Ваквиот персонален профил на идниот кандидат за премиер, заедно со воспоставената коалиција од шест партии, можно е догодина да предизвика промена на власта во Унгарија.

Инаку, Петер Марки-Зај веќе на Твитер објави дека меѓу бројните промени коишто планира да ги направи во Унгарија е и екстрадицијата во нивните матични земји на поранешниот македонски премиер Никола Груевски и јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа, кои во моментов уживаат азил во Унгарија од Орбан.

„Ќе ги избркаме криминалните мигранти населени од Фидеш. Ќе ги екстрадираме Никола Груевски од Македонија, Заид Нафа од Јордан и други криминални мигранти населени од Фидеш“, напиша неодамна опозицискиот кандидат за премиер, Марки-Зај.

Спонзорирано: