27. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Лагите на Мицкоски се демантирани, брзата помош не се приватизира

Демантирани се лагите на Христијан Мицкоски, кој со конструкции и шпекулации ја манипулира јавноста дека брзата помош ќе се приватизира, велат од СДСМ.

„ Политички спин е дека со предложените измени во законот за здравствена заштита се приватизира брзата помош. Напротив, со измените на Законот за здравствена заштита на Итната медицинска помош ќе ѝ се овозможи зголемување на ресурсите и законски ќе се регулира услугата која со години наназад ја даваaт приватните здравствени установи.

За појаснување за измените на овој Закон ќе се одржи јавна расправа“, се наведува во соопштението на владејачката партија.

Неодговорните ВМРО-ДПМНЕ и Левица со две илјади амандмани го блокираа донесувањето на измените во Законот за здравствена заштита и продолжуваат да го прават она што најдобро го знаат – да работат против интересите на граѓаните, порачуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Собрани над 400 кеси отпад со реализација на проектот „Преку заедништво до почиста природа” – дел од dm еко-конкурсот „Заедно за зелени идеи”

C +

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

C +

Филипче: Ниту еден сектор не напредува, погрешните политики на власта ги плаќаат граѓаните

C +