За само 10 дена откако Градот Скопје ја стави во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните, на истата пристигнаа 213 барања од граѓани, од кои 165 веќе се решени, а останатите се во фаза на решавање.
На оваа електронска адреса граѓаните можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата на граѓаните во рок од 24 до 72 часа. Отворањето на електронската адреса за комуникација со скопјани е само дел од проектот Отворен град 24 часа. Пред новогодишните празници ќе биде отворена и Канцеларијата за комуникација со граѓаните за нивните потреби и служба за брза реакција на нивен повик.
Најголем број од поднесените барања на граѓаните се за решавање проблеми од комунална хигиена, сообраќај, градскиот паркинг, пријави до инспекторатот на Град Скопје и информации за субвенции од градот.