Centar.mk
МОЗАИКТЕХНОЛОГИЈА

Ватсап воведува новитет во испраќање гласовни пораки

Ватсап на својот твитер-профил најави нови промени. Наскоро ќе додадат нова функција која им нуди на корисниците можност да ја слушнат гласовната порака пред да ја испратат.

„Не се грешки, тоа е само проба. Сега можете да ги преслушате вашите гласовни пораки пред да притиснете ‘испрати’,“ објави WhatsApp на Твитер.

Оваа функција им овозможува на корисниците да избришат гласовна порака што ја снимиле доколку нешто не им се допаѓа на неа, како што е испрекинат говор, бучава во позадина или нешто што тие го кажале, но сепак не сакаат да го испратат.

Опцијата ќе биде достапна наскоро.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 15-ти март 2026

ДЕСК

Дневен хороскоп за 14-ти март 2026

ДЕСК

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК