11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Со заедничка работа ќе ги подобриме правата на работниците во случаи на несолвентност на работодавачите

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на конференцијата за Твининг Проектот „Зајакнување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач“, финансиран во рамки на ИПА II Акциската програма. На церемонијата на отворање на проектот, беа и раководителот на Одделот за соработка при Делегацијата на Европската унија во Скопје, амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш и проект лидерот Карол Јокл.

Министерката Шахпаска во своето обраќање дека со имплементација на Проектот, Владата и Министерството за труд и социјална политика продолжуваат да работат на заштитата на работничките прави, на зачувувањето на секое работно место и обезбедување на социјална сигурност.

„Овој проект бара заедничко политичко решение за избор на соодветен модел за нашата земја, затоа што засега и во целата социјална сфера. Целта на овој проект е воспоставување на гарантирана мрежа за соодветна заштита на правата на вработените во случаj на несолвентност на работодавачите, во согласност со минималните барања дефинирани во Директивата на Европската унија 2008/ 94, како и во согласност со националниот социо – економски контекст“, рече министерката Шахпаска.

Министерката информираше дека на новиот системски Закон за работни односи Министерството за труд и социјална политика работи заедно со социјалните партнери и со домашни и странски експерти од областа.

„Убедена сум дека во периодот на имплементација на проектот од 18 месеци, заедно со твининг партнерите и нивната експертска поддршка, како и социјалните партнери, ќе ја оствариме предвидената цел и ќе ги подобриме правата на работниците во случаи на несолвентност на работодавачите. Тоа значи дека прво ќе подготвиме законска рамка за заштита на вработените во случај на несолвентност на својот работодавач заснована на претходна темелна анализа на состојбите и условите за нашата земја и користејќи ги позитивните искуствата од другите земји и минималните барања предвидени со Директивата на Европската Унија 2008/94, Вклученоста на сите засегнати страни во создавањето на Законот е гаранција дека тој ќе биде квалитетен и применлив“ рече Шахпаска.

Таа информираше дека од средината на 2017 година до денес преку законски измени е изедначена минималнта плата за сите вработени од 9.000 денари на 15.200, и дека со шесте пакети за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите во услови на пандемијата со Ковид 19 се зачувани околу 80.000 работни места.

Проектот кој започна во септември оваа година го финансира ЕУ со буџет од 700.000 евра и тој се имплементира во партнерство помеѓу Министерството за труд и социјална работа и Регионалната развојна агенција Санец – Пезинок, од Република Словачка.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шахпаска: После 40 години, децата од Кавадарци добиваат нова, современа и инклузивна детска градинка, со капацитет од 142 места

M T

Министрите Спасовски и Шахпаска на предновогодишно дружење со децата од Јавната установа за згрижување деца “25 Мај”

M T

Шахпаска: Социо-емоционалниот развој кај децата е клучен за понатамошниот развој на личноста, секој влог во квалитетното предучилишно образование е влог во нашата иднина

M T

Шахпаска: Со регулација на нестaндардните форми на вработување ќе создадеме нови работни места

M T

Шахпаска за Утрински брифинг: Оваа година МТСП имаше висока реализација на капиталните инвестиции, за наредната година обезбедивме двојно повеќе

M T

Средба Шахпаска-Григоријан: УНДП е наш партнер и голем поддржувач, заедно создаваме услови за целосна инклузија и вработување на ранливите категории на граѓани

M T