25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Изел четири килограми храна, ресторанот го ставил на црна листа

Луѓето кои се однесуваат непристојно најчесто ги исфрлаат од ресторани, но еден Кинез се најде на црната листа поради неверојатна работа. Имено, на Кинезот му е забранет влезот во ресторанот откако во една посета изел дури четири килограми ракчиња и испил 20 шишиња млеко и оттогаш е на „црната листа“ на овој ресторан.

Медиумите за овој настан дознале преку посетител на ресторанот, кому исто така му бил забранет влез.

Тој е познат само како г-дин Канг, кој се занимава со пренос во живо и кој за локалните медиуми изјавил дека му е забранет пристапот до ресторанот со морска храна на скара наречен „Handadi Seafood BBQ“ во градот Чангша.

Иако концептот на ресторанот е „јади колку што можеш“, се чини дека господинот Канг, според зборовите на сопственикот, го сфатил премногу сериозно, бидејќи за време на еден престој таму изел килограм и свински нозе, а следниот пат изел четири килограми ракчиња, па самиот сопственик рекол дека губи неколку стотици јуани секој пат кога Канг јаде во неговиот ресторан.

– Дури и кога пие млеко од соја, а може да испие 20 или 30 шишиња. За ракчиња, додека луѓето обично користат клешти, тој користи послужавник. Сите такви луѓе ќе се најдат на списокот на несакани гости – изјавил сопственикот на ресторанот.

Меѓутоа, господинот Канг тврди дека овој ресторан ги дискриминира гостите кои можат многу да јадат, што е и кај него, а кога му кажале дека не може да влезе во него рекол „Дали е грешка“, додека јавноста на социјалните мрежи медиумите останаа поделени околу мислењата и реакциите.