Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вработен во државен здравствен инспекторат од Охрид ја злоупотребил службената положба

Против вработен во државен санитарен и здравствен инспекторат од Охрид е поднесена кривична пријава бидејќи тој ја злоупотребил службената положба, соопшти полицијата.

СВР Охрид има поднесено кривична пријава против Н.Ш. (63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Тој, злоупотребувајќи ја својата службена положба како вработен во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во периодот од 2016 до 2019 година на 47 правни субјекти неовластено им издал записници за уништување на прехранбени производи, со што им овозможил да поднесуваат барања за поврат на ДДВ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК