Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Експресно приведен разбојник во Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје-ОКР Гази Баба, ОБПС и ПСОН Центар денеска (15.12.2021) го приведоа З.С. (49) од Скопје поради основано сомнение дека денеска околу 17 часот со закана со остар предмет одзел пари од вработена во финансиско друштво во Скопје.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности и за околу еден час З.С. е приведен на ул. Кеј 13 Ноември во Скопје, а кај него се пронајдени пари. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +