Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Во буџетот за 2022 не се планирани пари за исплата на К-15 за јавниот сектор, вели Бесими

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека во Предлог-буџетот за 2022 година не се планирани средства за исплата на К-15 во јавниот сектор.

– За 2022 година нема дополнително предвидено пари за исплата на К-15 во јавниот сектор, истакна Бесими, прашан дали има предвидено пари во Предлог-буџетот за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор.

Во неделата, Сојузот на синдикати на Македонија одржа протест, изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законот за прогласување на недела за неработен ден и барајќи зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на сите останати плати. Дел од барањата на синдикатот беа и враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите работници во Општиот колективен договор за јавен сектор и пензионирање по неколку основи

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК