17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Снегот се враќа, времето ќе биде уште постудено – Детална прогноза

Следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег.

Прогноза за 17.12.2021
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 3°C до 11°C
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот претежно во северните делови ќе има повремен локален снег кој повремено ќе го има и преку ноќта.

Прогноза за 18.12.2022
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 0°C до 7°C
Променливо облачно со повремен локален снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 19.12.2021
Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: -1°C до 6°C
Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Спонзорирано: