16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Османи се сретна со новиот амбасадор на Австралија: Значаен мост во соработката е македонската дијаспора во Австралија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со новоименуваниот амбасадор на Австралија, со седиште во Белград, Даниел Џозеф Емери, кој во оваа пригода ги предаде копиите од акредитивните писма.

Министерот Османи му посака успех во дипломатската мисија и изрази уверување дека амбасадорот Емери со своето дипломатско искуство и личен ангажман ќе даде значаен придонес во натамошниот развој на односите меѓу двете пријателски земји.

На средбата беа разгледани билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Австралија, при што беше потенцирано дека значаен мост во соработката претставува нашата дијаспора во Австралија. Исто така, беше потврден заедничкиот интерес за натамошно унапредување на билатералната соработка со посебен акцент на економската соработка и можностите за нови форми на бизнис-поврзување и продолжување на успешната мултилатерална соработка.

Соговорници разменија мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата упадна во фирма во Тетово: Приведени 39 државјани на Албанија кои непријавено работеле за градежна фирма, следуваат пријави за нив и за сопственичката на фирмата

ДЕСК

Судот го забрани најавениот штрајк во М НАВ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.