Втор мандат и нова политичка доктрина, ВМРО-ДПМНЕ со старо новиот претседател Христијан Мицкоски ќе дејствува на политичката сцена во следните 4 години.
Партијата денеска го одржа 17-от редовен конгрес, од вкупно 517 делагати присуствуваа 493, за лидерот Мицкоски гласале 492 но три гласа се неважечки а додека еден не гласал односно Мицкоски се изземал од гласањето.
Пред своите делегати Мицкоски се осврна на зацртаните идеи за следните 4 години, влез во ЕУ, втора епоха на мобилизација на интелектуалеците за да придонесаткон развојот на државата, најави нова политика и концепт на заедништво наречен нов договор општествен консензус. Но, Мицкоски иако рече дека во својот говор ќе ги изостави СДСМ и Зоран Заев сепак ги спомена со порака дека ќе сфатат каде грешат и дека ќе се променат.
Во својот говор, Мицкоски дефинириаше цели како што се сузбивање на криминалот и корупцијата, заштита на националните интереси но акцент стави на економскиот стандард за кој рече дека Македонија сака да има економски стандар како во Австрија.
Покрај изборот на лидерот на партијата се донесе и нова политичка доктрина испишана на 36 страници. Во креирањето на доктрината, меѓу другите, учествувал и Илија Димовски.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


