Соопштение на СДСМ:
Бројни позитивни параметри потврдуваат дека македонската економија е стабилна и подготвена за справување со претстојните глобални предизвици.
Потврда за тоа е растот на БДП од три отсто во третото тромесечје од 2021 година.
Покрај растот на БДП, бележиме и раст на извозот кој во првите 10 месеци од годината е зголемен за 29% во однос на минатата година.
Дополнително, Народна банка потврди дека денарот е стабилен и граѓаните не треба да се вознемируваат од информациите кои ги пласираат одредени медиуми.
СДСМ како одговорна и социјалдемократска партија продолжува да презема мерки што значат вистинска грижа за граѓаните и заштита на нивниот економски стандард.
Во тој правец е и владината одлука за замрзнување на цените на основните продукти до 31 јануари 2022, кои не смеат да бидат повисоки од цените кои биле на први декември 2021 година.
И во 2022 ќе продолжат да растат платите и пензиите.
Минималната плата од јануари ќе изнесува 18.000 денари, со новата методологија за законско усогласување, пензиите ќе растат два пати во годината, меѓу 400 и 600 денари, во зависност од износот на пензијата.
Буџетот е стабилен и ликвиден, државата има доволно пари за помош на граѓаните и компаниите за надминување на предизвиците што претстојат.
Следува и субвенционирање на трошоците за електрична енергија за ранливите категории граѓани и семејства со оглед на предизвиците со цената на струја.
Сето ова ќе доведе до зајакнување на економскиот стандард на граѓани во време кога целиот свет се соочува со енергетска и економска криза.
Како одговорна продолжуваме да обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните, продолжуваме со реализација на мерки и политики во интерес на стопанството.