Centar.mk
SHOWBIZ

Почина британскиот рок-музичар Џон Мајлс

Велика Британија загуби еден од своите најталентирани музичари, Џон Мајлс, кој почина на 72-годишна возраст.

Роден во Џероу, североисточна Англија, Мајлс е најпознат по епската балада Music (Music Was My First Love And It Will Be My Last), која беше на третото место на топ-листите во Велика Британија во 1976 година. Набргу потоа, списанието Melody Maker го прогласи за „најсветлата, најсвежа сила во британскиот рок“.

Мајлс, кој подоцна соработуваше со Тина Тарнер и Стиви Вондер, починал мирно по кратко боледување, според објавата на неговото семејство.

„Тој беше сакан сопруг, татко и дедо и на сите ќе ни недостига повеќе отколку што може да се изрази со кој било збор“, се наведува во соопштението објавено на официјалната Фејсбук-страница на Мајлс.

Можеби ќе ве интересира

Брижит Бардо ги излудуваше мажите – од хеликоптер ѝ ја посипувале куќата со рози

C +

Славен како дете, осамен како тинејџер: приказната на Меколи Калкин

C +

Откажан концертот на Аца Лукас на Јахорина; Додик: Тој го повреди српскиот народ

C +