24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев и Гаши го објавија договорот: Ова се основните начела за надградба на програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија

Заев и Гаши го потпишаа договорот – Ова се основните начела за надградба на програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија

  1. Владата на Република Северна Македонија ќе ги мобилизира сите капацитети на државата и општеството со цел отворање на преговорите со ЕУ, успешно комплетирање на сите поглавја и полноправно членство во ЕУ како стратешка цел, во најкус можен временски рок.
  2. Владата ќе испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои ќе извршат меѓународна истрага на процеси за кои постојат сомневања дека врз нив било вршено политичко влијание, како што се: Монструм, Алфа, Диво Насеље, Малиот Алмир.
  3. Владата ќе усвои нов Закон за рамноправен регионален развој и ќе работи на отстранување на сите пречки за да овозможи развој и на Липковскиот регион со цел овој регион да стане рамноправен и еднаков со сите други региони во државата во однос на развојните компоненти.
  4. Владата ќе развива и имплементира политики за унапредување на правата и интересите на сите индивидуи и заедници во земјата и дополнително за поддршка на семејството како една од суштинските компоненти на општествениот живот.
  5. Владата ќе направи анализа на вкупните закони и политики во однос на борбата против криминалот и корупцијата и истите ќе ги унапредува во насока на поефикасно спроведување.
  6. Владата ќе го редефинира Законот за извршители водејќи се пред се од барањата на граѓаните, со цел да биде во поголема функција на нивните интереси , а потоа и на интересите на институциите.
  7. Владата ќе иницира процес на градење Национална стратегија за развој и подигнување на квалитетот во образованието, во кој ќе настојува да учествуваат сите чинители од образовниот процес, како и политичките партии, граѓанските организации и меѓународни институции, а во меѓувреме Владата ќе испрати и официјален повик до меѓународните институции за евалуација на домашните високообразовни институции.
  8. Владата ќе застане во економска заштита на населението и нема да дозволи поголемо покачување на цената на струјата од 20% во текот на 2022 година, преку субвенционирање на граѓаните и компаниите и други економски мерки.
  9. Владата ќе работи на зголемување на квалитетот, ефикасноста и експедитивноста на испораката на услуги кон граѓаните и на реализацијата на проекти на сите нивоа, преку зголемување на нивото на одговорност кое носителите на јавни функции и државните службеници го преземаат пред граѓаните.
Спонзорирано: