Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ФОТО: Ковачевски заедно со Зечевиќ ја претстави својата програма пред членовите на СДСМ

Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, денеска од скопски Карпош почна со средбите со членството на кои ќе ја презентира својата програма.

На настанот беше присутен и поранешниот организациски секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, кој минатата недела изјави дека размислува и самиот да се кандидира за лидерската позиција, но потоа рече дека се откажал од идејата.

„Резултатот на локалните избори ни покажа дека мора да ги менуваме работите. Многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Тој најавува комплетна ревизија на функционирањето на месните одбори на СДСМ и функционалноста на партиските комисии, како и редовни консултации.

„Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира при што основите за функционалноста на партијата мора да започнуваат токму од овие локални, но суштински јадра на партијата. Нашите членови ќе мора да не евалуираат нас раководството и ние да постапуваме“, вели Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК