Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денеска постабилно, утре дожд, а од вторник снег низ Македонија – Детална прогноза

Денес преку денот облачноста ќе се намалува. Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег.

Утре наутро ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.

Во понеделник ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе надминуваат 20 л/м2 . На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе настапи заладување со засилен северен ветер, а врнежите од дожд, иако полсаби, ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. На планините и на некои од повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК