22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕ

Доколку сакате долг живот, ова е ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ за појадок

Новото истражување покажа дека оние кои појадуваат пред седум часот наутро можат да го продолжат животниот век.

Од друга страна, луѓето кои јадат доцна навечер го нарушуваат внатрешниот биоритам и го зголемуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.

Научниците од Универзитетот во Њујорк спроведоа истражување кое им помогна да разберат дали времето за појадок може да влијае на должината и квалитетот на нашите животи.

Студијата опфати повеќе од 34.000 Американци на возраст над 40 години во текот на неколку децении. Волонтерите го забележаа времето на оброци, а научниците ги споредија со стапката на смртност за време на студијата.

Резултатите, објавени во списанието “Журнал оф нутришн”, покажаа дека оние кои појадувале помеѓу 6 и 7 часот наутро имале шест отсто помали шанси да се разболат и да умрат од сериозни болести како што се срцев удар или рак, отколку оние кои појадувале редовно во 8 часот. како и 12 отсто помал ризик од рана смрт од оние кои го консумирале првиот оброк во 10 часот

Се смета дека прескокнувањето на појадокот или доцнењето го нарушува „часовникот за исхрана“ на телото – внатрешно програмирање кое го контролира ослободувањето на хормоните поврзани со исхраната, како што е инсулинот. Овој хормон помага во согорувањето на гликозата од крвотокот, а неговото ниво го достигнува својот врв во раните утрински часови.

Помалку инсулин се произведува во телото на луѓето кои доцна јадат, што ја зголемува можноста за зголемување на нивото на гликоза во крвта, што доведува до дијабетес, дебелина и срцеви заболувања.

Можеби ќе ве интересира

Најдобар избор за здрав појадок: Јајцата можат да ви помогнат да ослабете, еве и како

M T

Бидете сити уште од раните утрински часови: Овие намирници најдобро е да ги јадете на празен стомак

M T

Јајца, пециво, житарици или кафе: Вашиот омилен појадок открива каков тип на личност сте

M T

Иако се СУПЕР ЗДРАВИ, ДЕНОТ НЕ треба да го започнувате со овие намирници

M T

Сите ги нарекуваат различно, но обожаваат да ги јадат подеднакво: Идеален рецепт за пржени лебчиња

M T

Тоа е омилениот појадок, а има најмногу масти: Комбинацијата на овие 2 намирници создава целулит и маснотии

M T