Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студ, дожд и снег – Какво ќе биде времето до крајот на неделава?

Денеска сончево, во крајните западни делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени. Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претежно сончево со слаб ветер од југозападен правец.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Утринските температури насекаде ќе се спуштаат под нула и ќе бидат во интервал од -8 до -2 степена. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Прогноза за 03.12.2021
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. На планини врнежите ќе преминуваат во снег.

Прогноза за 04.12.2022
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува.

Прогноза за 05.12.2021
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Променливо облачно со слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Предмалку почуствуван земјотрес од 2.9 степени според рихтер во Македонија – Сеизмолозите излегоа со информации

ДЕСК

Инцидент во угостителски објект во Скопје: Маж нападнат со тврд предмет

ДЕСК

Се запали возило во Скопје

ДЕСК