Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Камион удри во металната заштитна ограда на патот Битола – Ресен, едно лице итно пренесено во болница

На 30.11.2021 во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола-Ресен, пред место викано „Ротинска крстосница“, товарно возило „мерцедес спринтер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(58) од с.Загорчани, струшко, удрило во метална заштитна ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК