Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Петровска: Заев си го одржа зборот, а оставката беше одложена за да не западнеме во политичка криза

-СДСМ го бира претседателот на партијата на непосредни избори и секој кој што смета дека може да даде придонес од позицијата претседател на партијата, може да ја поднесе својата кандидатура и да ја образложи својата програма пред членовите, истакна пратеничката Славјанка Петровска, во гостувањето во „Само вистина“. Таа истакна дека жали што опозицијата се обидува грубо да ја партизира оставката на премиерот Зоран Заев.

-На последниот Централен одбор утврдивме дека оставката е констатирана. Оставката не е дискутабилна и роковите течат за избор на нов претседател. И роковите за оставка од премиерската функција ќе почне да тече, но моравме да осигураме стабилност и зголемување на парламентарното мнозинство, затоа што нема да дозволиме државата да западне во политичка криза, рече Петровска.

Таа додаде дека Заев си го остварил зборот.

-Кога ќе биде поднесена оставката од премиерската функција, паѓа и Владата. Во таков случај во Собранието ќе течат роковите за избор на нова Влада. Ако СДСМ нема раководство, а треба да се бира Влада во Собранието ќе западневме во политичка криза, затоа беше одложена оставката, кажа Петровска.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК