Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Влада: Заев ги демантира лагите на Таравари, доколку не се извини, ќе тужи

Премиерот Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници, соопштија од Владата.

Според соопштението од Владата, за оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини.

Претходно Таравари во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител изјави дека пратеничката од партијата Алијанса на Албанците добила парична понуда за да прејде во актуелното парламентарно мнозинство.

-Во оваа држава се може да се направи. Пратеничката добила понуда од другари од премиерот и лично од премиерот. Ова е циркуз држава, рече Таравари.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКА НАРЕДБА, ПА УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „МЕРЦЕДЕС“ – Кривична пријава против 53-годишен маж од Желино

ДЕСК

ДРАМА ВО АВТОБУС ВО СКОПЈЕ – 79-годишна жена паднала и се здобила со тешки телесни повреди

ДЕСК

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Десет лица лишени од слобода на различни локации, меѓу нив и 16-годишник

ДЕСК