Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двете братчиња кои од саботата исчезнале во Велес се пронајдени здрави и живи

Две братчиња од Велес на возраст од четири и осум години се вратиле дома здрави и живи откако во саботата исчезнале од нивниот дом во Велес. Децата за исчезнати биле пријавени од страна на нивниот татко С.Б. (39). На полицискитте иследници тој им појаснил дека братчињата излегле од дома околу 19.30 часот и не се вратиле назад.

– Во добра состојба се, на родителите им кажале дека излегле да се прошетаат, па се заиграле. Преноќиле кај некое другарче. На возраст од четири и осум години се – потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК