Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бугарските власти ќе ги презентираат резултатите од инспекцијата на автопатот по трагичната несреќа на „Струма“

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, нареди увид на патната делница меѓу Драгичево и Горна Дикања по констатираните проблеми во патната инфраструктура, кои можеле да придонесат за фаталната несреќа на „Струма“, пренесуваат бугарските медиуми.

Некои од нив со најава дека министерката Комитова денеска треба да ги презентира првичните резултати од увидот на патната делница во која животот го загубија 45 лица.

Медиумите пренесуваат дека обележувањето на автопатот „Струма“ може да биде причина за трагичната несреќа.

Според новинарските записи по трагичниот инцидент, голем број експерти рекоа дека локацијата е спорна бидејќи патот не бил поправен по неговото пуштање во употреба во 2007 година.

Меѓу забелешките на експертите се посочуваат обележувањето на патот, кое не е завршено, и заштитните огради, кои не се заменети според новите правила, некои од нив ја споменуваат и поголемата дозволена брзина, која не одговара на условите на патот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Додека прават дефокус носат 10.000 „економски работници“

ДЕСК

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, нема решенија за граѓаните – само дефокус

ДЕСК

Најмногу снег на Попова Шапка, утре со врнежи од дожд и снег претпладне , попладне облачноста ќе се намалува

ДЕСК