Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Казни за 141 возач во Скопје, 32 возеле над дозволената брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење над дозволената брзина 32 казни, 26 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување возила на црвено светло, две мерки за прекршоци што ги направиле пешаците, две за возење под дејство на алкохол, седум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за прекршоци што ги направиле возачите на моторцикли, 33 казни за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија од МВР, и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК