Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Син ја загрозил сигурноста на својот татко во Гостивар, поведена постапка

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 27-годишен гостиварец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

При вршење семејно насилство во семејната куќа на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар, обвинетиот на 29 септември, ја загрозил сигурноста на сопствениот татко и сериозно му се заканил дека ќе нападне врз неговиот живот и тело. Во еден момент тој со двете раце го фатил татко му за вратот, но тогаш во просторијата влегла мајката на обвинетиот и успеала да го тргне.

За стореното кривично дело, јавниот обвините му предложи на Основниот суд Гостивар на обвинетиот да му определи условна осуда со утврдена казна затвор до три месеци.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК