Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денеска дожд, некаде и снег – од четврток значително заладување

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни. До крајот на денот на планините над 1500 м.н.в врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Денес ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места , а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови.

Утре ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч), што ќе предизвика значително намалување на температурата. Поради разведрувањето, во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +