Centar.mk
БИЗНИС

Денови на финансиската писменост: Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани

Како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост коишто ќе се одржат следната недела, Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска на следниве теми:

– Монетарната политика на Народната банка – 1 декември, во 14 часот;
– Информации потребни при избор на кредит – 2 декември, во 10 часот;
– Платниот систем и платежните услуги – 2 декември, во 14 часот и
– Банкарската супервизија – 3 декември, во 14 часот.

Презентациите ќе се одржуваат преку интернет, на платформата „Вебекс“. Ќе бидат наменети за заинтересирани граѓани со основно и со понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка.

Заради организирање на презентациите во зависност од искажаниот интерес, сите заинтересирани граѓани треба да го најават своето присуство преку порака:
– на е-адресата: edukacija@nbrm.mk или
– на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“.

Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација/тема најавува присуство.

Рокот за пријавување е најдоцна еден ден пред одржувањето на предавањето.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Граѓаните и фирмите должат за данок над 12 милијарди денари

ДЕСК

РКЕ пред одлука – Нови цени на горивата

ДЕСК

Становите во оваа блиска државата поскапеле за 275%: Домувањето низ ЕУ станува луксуз поскапеа и кириите

ДЕСК