Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МОН: Договори за ученички и студентски стипендии ќе може да се доставуваат и утре

Министерството за образование и наука ги известува сите ученици и студенти кои се нови добитници на стипендија, односно ова право го имаат остварено на конкурсите за доделување на стипендии за учебната/академската 2021-2022 година дека писарницата во рамки на институцијата ќе работи и во текот на утрешниот ден, сабота 27.11.2021 од 09:00 до 16:00 часот и ќе можат да се доставуваат потребните документи.

Согласно наведените информации при објавата на резултатите од конкурсите, сите апликанти чии пријави се прифатени и се наоѓаат на листите со добитници на стипендија, имаат обврска од веб страницата на МОН да го симнат соодветниот договор, да го пополнат во три примероци и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достават до министерството.

Резултатите од конкурсите за доделување на ученички стипендии, заедно со инструкции за понатамошно постапување од страна на учениците се објавени на следниот линк, додека за студентските стипендии, информации можат да се најдат тука.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК

ОСУМ МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ВОЗИЛО – Приведен 40-годишен албански државјанин

ДЕСК