Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бугарски обвинители во Скопје треба да ги преземат ДНК-примероците за идентификација на жртвите

ДНК анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за судска медицина во Скопје, треба да бидат завршени до денеска напладне.

Јавното обвинителство ги очекува истражителите од Бугарија денеска да ги подигнат овие примероци и извршени анализи, изјави Јавниот обвинител, Љубомир Јовески.

Тој појасни дека шпекулациите за евентуален осми преживеан патник од несреќата ќе се расчистуваат со споредба на листите од граничните премини на двете земји.

Заменик главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов вчера во Софија изјави дека човечка грешка е водечка и главна причина за трагедијата на автопатот „Струма“.

Портпаролката на главниот обвинител во Бугарија Шијка Милева вчера изјави дека за време на истрагата еден од преживеаните во несреќата сведочел дека 8 луѓе биле спасени, а не 7 и дека 44 тела биле најдени на местото на трагедијата.

Владата формира тим за пренесување на повредените и телата на загинатите од Бугарија во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК