14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Сите патишта во Бугарија имаат лоша сигнализација, предупредуваат сообраќајни експерти

Лошата сигнализација на автопатот, лошата осветленост, како и заштитната ограда, која според нив е по стари и недоволно добро стандарди се главна причина за сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија и загинаа 45 македонски државјани, објавуваат бугарските медиуми.

Бугарски експерти за медиумите во текот на вчерашниот и денешниот ден како главен виновник за несреќата во која загинаа 45 лица ја издвојуваат лошата сигнализација на автопатот.

Според Симеон Ананиев, претседател на Асоцијацијата на вешти лица и експерти, патот е лошо обележан и дури тој неколку пати бил збунет од сигнализацијата.

„Не се сеќавам на патна табла која сигнализира дека има исклучување во делот на несреќата на автопатот Струма. И да има, знакот треба да биде таков да се забележува“ кажа Ананиев.

Тој додаде дека на ова место неколку пати бил збунет и бил на работ да влезе во таканаречениот исклучок за одмор, што не се сигнализира, има вртење, има поместување.

Според инженерот Владимир Жијански, пак, има два фактора кои доведоа до трагедијата, едниот од нив е осветлувањето на магистралниот пат, што е национален проблем во Бугарија, а вториот е „еластичната ограда“.

Според него, оградите поставени на патот, на кој е дозволено да се вози со големи брзини се несоодветни и правени според постари стандарди.

Со сличен став е и претседателот на Бугарското здружение на возачи, Христо Радков. Тој смета дека доколку на местото имало понова заштитна ограда, несреќата можела да биде избегната.

„На снимката се гледа дека недостасува парче од заштитната ограда. Мислам дека ќе го најдат во автобусот. Заштитната ограда е по стари стандарди“ истакна Радков.

Инженерот Јонко Иванов во изјава за „Дојче веле“ вели дека стрмните падини и свиоци на тој дел од патот се несоодветни за автопат. Според него овој автопат е дизајниран според стари правила.

„Патиштата во Бугарија се многу лоши. Според европските анализи ние сме на последно место по сигурноста на патиштата“ кажа Иванов.

Според експертите, просторот за рекреација, каде што се случи несреќата, не е обележан и возач кој не го познава патот може да биде доведен во заблуда. Ако сака да остане на десната лента, одеднаш ќе открие дека повеќе не е на пат.

Спонзорирано: