Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Меѓу преживеаните во несреќата во Бугарија се 17-годишно девојче и шестмина возрасни

По трагичната несреќа во Бугарија, во болницата „Пирогов“ во Софија примени се 17-годишно девојче и шест возрасни лица, изјави д-р Маја Аргирова од Клиниката за изгореници при медицинската установа за БТА. Таа нагласи дека тие не се во животна опасност.

Девојчето и петмина од возрасните се на Клиниката за изгореници, а еден е упатен на Клиниката за трауматологија. На сите им се прават дополнителни прегледи во болницата.

Несреќата се случи на магистралниот пат „Струма“ малку по 2 часот по полноќ кај селото Боснек. Автобусот со македонски регистарски ознаки сообраќал во правец на Република Северна Македонија. Возилото во Бугарија влегло од Турција. Малку по полноќ, автобусот застанал на бензинска пумпа во близина на Софија по што продолжил. Несреќата се случила еден час подоцна.

Засега нема потврда дали автобусот првин излетал од патот, а потоа се запалил или најпрвин избувнал пожар во возилото. Според првичните информации, причината поради која луѓето не можеле да се спасат е тоа што автобусот се превртел.

Можеби ќе ве интересира

Што значи дожд на Митровден: Каква година најавува овој ден?

ДЕСК

Вонредни најави: Серија влажни бранови ја зафатија Македонија, некаде ќе има и обилни поројни дождови

ДЕСК

Во брза помош донесен повреден млад маж – познато е како се здобил со повредите

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.