Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдена марихуана во вредност од над 500.000 евра во дебарско

Денеска (18.11.2021) во 01.05 часот на Банишко поле, во близина на граничната линија со Република Албанија, во атар на село Аме, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Блато“ , Регионален центар Запад пронашле 10 (десет) поголеми најлонски пакувања со марихуана. Извршен бил увид и било констатирано дека во пакувањата има марихуана со вкупна тежина од околу 200 килограми со вредност од над 500.000 евра.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Денес завршува учебната 2025/2026 година – Јаневска со порака до учениците

ДЕСК

Дома се штеди, надвор се полнат торби: Што кажува шопингот преку граница за нашите цени?

ДЕСК

Муцунски во Софија: Kредибилитетот на проширувањето зависи од испораката, заслугите мора да имаат значење, oбврските мора да се почитуваат

C +