Соопштение на СДСМ:
Се потврди она што го говоревме, изјавите дека пратеник бил киднапиран беа несериозни, неодговорни односно чиста невистина.
Лагите на Мицкоски и Апасиев и нивните обиди да ја закочат земјата не проаѓаат во Собранието и тоа е добрата вест.
Ја поздравуваме најавата на господинот Кастриот Реџепи, мнозинството пратеници се за напредок, за задржување на вистинскиот пат, за продолжување на европските интеграции, за добри односи со соседите и стабилни меѓуетнички односи, за економска сигурност.
СДСМ е отворена за соработка со сите демократски сили и пратеници, заедно да обезбедиме продолжување на напредокот на земјата.
Стабилноста на земјата е обезбедена. Народот може да биде спокоен.