Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Студено, магливо и облачно, во четврток и дожд – Детална прогноза за следните денови

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, претпладне по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност. Само во четврток во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Прогноза за 17.11.2021
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 11°C до 16°C
Наутро со појава на магла по котлините, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 18.11.2021
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 12°C до 17°C
Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Попладне вдолж Повардарието ќе почне да дува умерен, а до крајот на денот засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 19.11.2021
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 9°C до 14°C
Во западните делови умерено до значително облачно, а на истокот посончево. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Комисијата за култура и туризам во посета на Археолошкиот музеј

ДЕСК

Јованчев: Владата на СДС и ДУИ во 2023 барала деловна соработка со Алта банка од Србија

ДЕСК

ОД НЕДЕЛА НОВА ОБВРСКА ЗА ВОЗАЧИТЕ – Зимската опрема станува задолжителна

ДЕСК